недеља, 3. јун 2012.

Ромеу: ,,Не го напуштам Челси"


Фудбалерот на Челси, Ориол Ромеу, изјави дека нема намера да го напушти клубот од „Стемфорд Бриџ‘‘ во текот на летниот преоден рок.

Ромеу настапи на само неколку натпревари под водство на Роберто ди Матео и тоа е главната причина поради која медиумите започнаа да шпекулираат во врска со неговата иднина.

Но, и покрај тоа Ромеу ќе остане во Челси и наредната сезона.

„ Јас имам договор со Челси и ќе го испочитувам. Го сакам овој клуб и сакам да играм овде, нема да си заминам. ‘‘ – изјави Ромеу.

Нема коментара:

Постави коментар