субота, 2. јун 2012.

Лукаку: Ми се чини дека парите што ги дадоа за мене беа залудно потрошени



Младиот напаѓач Ромелу Лукаку изјави дека не уживал во успехот на неговиот тим оваа сезона, ставајќи под знак прашалник дали Челзи направил правилен потег со неговиот ангажман.

’’Не сакам кога луѓето ми зборуваат за Лигата на Шампионите. Тоа не го направив јас, туку мојата екипа.’’ - рече Лукаку.

’’Кога Калу ми го додаде трофејот во текот на славеничката парада, го замолив веднаш да го земи. Не сакам да допирам нешто, што немав никаква улога во неговото освојување.’’

’’Челзи силно ме посакуваше минатото лето, но после се се запрашувам дали само се расфрлија со пари?’’

’’Ќе разговарам со менаџерот и ќе видам какви намери има со мене. Ако не сум во неговите планови, одам на позајмица, тоа е едноставно.’’

Нема коментара:

Постави коментар