уторак, 9. април 2013.

Мурињно на Челси му поставил три услови


Жозе Мурињо ќе се врати на клупата на Челзи само доколку му бидат исполнети три услови, пренесува британскиот „The Mirror“.

Според истиот извор, Мурињо разговарал со сопственикот на ‘сините’ Роман Абрамович и му ги поставил условите – годишна плата од 12 милиони фунти, екипата да избори пласман во Лигата на шампиони и легендата на тимот Френк Лампард да остане во клубот.

Раководството на Челзи не сака да го продолжи договорот со Лампард, кој со 202 гола е најдобриот стрелец во историјата на клубот, но Мурињо смета дека тој е еден од клучните играчи во играта на лондонскиот тим.

Мурињо беше тренер на Челзи од 2004 до 2007 година, во наведениот период освои две шампионски титули, два пати триумфираше во Лига купот и еднаш го освои ФА купот.

среда, 3. април 2013.

Дрогба: Челси треба да го врати Мурињо


Во последно време силно се шпекулира дека Португалецот летоска ќе го наследи Рафа Бенитез на кормилото на Челзи, се говори дека стратегот веќе постигнал согласност со Роман Абрамович за тригодишен договор.

Дидие Дрогба, кој беше клучен играч во тимот на Жозе Мурињо во неговиот тригодишен престој на Стемфорд Бриџ, верува дека ’Сините’ ќе имаат корист од враќање на ’Специјалниот’ во Лондон.

Напаѓачот исто така мисли дека неуспехот на Мурињо да триумфира во Лигата на Шампионите со Челзи може да го привлече стратегот за одново да седне на менаџерското столче на ’Сините’.

„Мислам дека за Челзи најдобро решение е да го врати Жозе” – рече Дрогба.

„Мислам дека тој го нема преболено Челзи, ниту пак Челзи го има преболено Мурињо”.

„Тој е победник, и сеуште е близок со играчите”.

„Отиде во Интер, сега е во Реал Мадрид но сеуште зборува за Челзи, па тој го сака клубот”.

„Кога Мурињо пристигна, донесе успех. Освоивме две титули од Премиерлигата во низа, игравме одличен фудбал, и единствено нешто што не освоивме е Лигата на Шампионите”.

„Можеби токму ова е една од причините зошто тој можеби сака да се врати. Има недовршена работа”.

Запрашан дали Дрогба би можел да се врати во Челзи доколку Мурињо стане нов менаџер, напаѓачот рече: „Најпрво дозволете ми да ја завршам сезоната со Галатасарај, потоа ќе разговараме”.

„За Челзи дадов се, и секако, клубот возврати на ист начин”.

„Се чувствувам како дома кога одам во Лондон. Кога одам во тренинг центарот на Челзи, можам да се шетам со заврзани очи”.

понедељак, 1. април 2013.

Демба Ба е херојот на „сините", Челси во полуфинале (Видео)


„Сините“ од Лондон во четвртфиналниот реванш натпревар од ФА Купот во Англија забележаа победа од 1:0 над Манчестер Јунајтед, и со вкупен резултат од 3:2 продолжуваат понатаму.
Единствениот гол на средбата го постигна Демба Ба, најпрво одлично асистираше Хуан Мата, а Сенегалецот на ефективен начин ја смести топката во мрежата на гостите.
Во поголемиот дел од средбата, домаќините имаа подобри можности за гол, но во последните минути Јунајтед можеше да изедначи, особено по можноста на Ван Перси кој од 9-10 метри непречен биеше крајно непрецизно.
Со оваа победа Челси се пласираше во полуфиналето каде силите ќе ги одмери со Манчестер Сити.

петак, 29. март 2013.

Дрогба: Никогаш нема да го заборавам Челси!

Дидиер Дрогба сегашниот напаѓач на Галатасарај, ја опиша како тој со својот поранешен клуб ја освои Лигата на Шампионите,неговото најголемо достигнување во кариерата. Дидиер беше стрелец за изедначувачкиот гол со Баерн и за освојувањето на трофејот од пенал.
"Не очекував повторно да заиграм во Лигата на Шампионите. Имам посебен однос спрема овоа   натпреварување, играв девет сезони во него и во последната сезона во Челси ја освоив титулата, последната сезона во Челси ми беше најуспешна во мојата кариера„ рече Дрогба.

четвртак, 28. март 2013.

Шурле повторно на радарот на Сините


Актуелниот европски шампион повторно планира голема активност на трансфер пазарот во текот на летото.

Ако минатото лето Челзи не успеа да стигне до услугите на Андре Шурле, сега раководството на клубот е убедено дека ќе успее во тоа.

Според извори од Германија, самиот Шурле посакува трансфер на ,,Стемфорд Бриџ‘‘, а и раководството на Леверкузен посакува да добие некој милион од неговата продажба.

Моменталната откупна клаузула на Шурле изнесува 25 милиони евра, а доколку Леверкузен не го продаде во текот на летото, по завршувањето на следната сезона истата ќе падне на 15 милиони евра.

Тоа е доволен сигнал за раководството на Леверкузен, зар не?