Историја 

Chelsea фудбалскиот клуб е оформен на 10 Март 1905 година во пабот The Rising Sun (сега попознат како The Butcher's Hook) и биле примени во Фудбалската лига многу набрзо. Во почетокот клубот немал некој голем успех, највисоко достигнување имале во 1915 година кога играле во финалето од FA Купот каде изгубија од Sheffield United. Chelsea ја добиле својата репутација по купувањето на славните играчи и по тоа што биле забавувачи, но имале мал удел во фудбалот додека траела војната.
Поранешниот играч на Arsenal и напаѓачот на Англија Ted Drake бил назначен за менаџер во 1952 година и сакал да го модернизира клубот. Го заменил тогашното лого на пензионер и ја подобрил младинската игра и режимот на тренинг, го обновил стадионот и за прв пат со Chelsea освоил трофеј - Лига Шампионатот во сезоната 1954-1955. Следната сезона се направил Европскиот Куп на Шампиони од страна на УЕФА, но по многу несогласувања и приговори од страна на Фудбалската лига и FA, Chelsea беа отстранети од тоа натпреварување уште пред да започне. 

Во шеесетите години се појави желбата за млада екипа на талентирани играчи под раководство на Tommy Docherty. Тие биле почестувани за време на декадата, но имале и неколку промашувања. Биле блиску до освојување на титулата во лигата или FA купот или Лига купот одејќи дури до финале во сезоната 1964-1965 и победувајќи но биле многу далеку во другите две натпреварувања. Во три сезони тие биле исфрлувани во три полуфиналиња и биле еднаш второ пласирани во FA Купот. Во 1970 година тие победили во FA купот победувајќи ги Leeds United со 2-1. Chelsea за прв пат освоиле Европски трофеј веќе следната година во UEFA Победниците на куповите победувајќи ги големите Real Madrid во Атина.

Доцните седумдесети и раните осумдесети биле многу турбулентни за Chelsea. Амбициозното проширување на Stamford Bridge за малку не го довело клубот до финансиски колапс каде биле продавани добрите играчи и клубот бил симнат од високата лига. Исто така се појавиле проблеми и од страна на навивачите кој се претвориле во хулигани кои се однесувале како чума на клубот за време на таа декада. Во 1982 година Chelsea пронашле и малку среќа во Ken Bates кој го купил клубот за една фунта, иако до тогаш Stamford Bridge бил продаден на замјопоседниците што значело дека со ова клубот ќе го загуби својот дом. На теренот играчите не покажале многу и за малку не се симнале во Третата дивизија за прв пат, но во 1983 година под водство на John Neal тие составиле одличен тим со минимални средства. Chelsea постанаа шампиони на Втората дивизија во сезоната 1983-1984 и повторно се вратиле во Првата дивизија пред да се вратат во Втората дивизија во 1988 година. Повторно следната сезона тие биле шампиони на Втората Дивизија и се вратиле во Првата дивизија.


По една многу долга легални битка, Bates успеал да го придобие и стадионот во 1992 година по склучување на договор со банките на земјопоседниците кој биле доведени до банкрот. Формата на Chelsea во новата Премиер Лига била неуверлива иако тие стасале до финалето во FA Купот во 1994 година. Тоа било така се до назначувањето на бившиот Европски Фудбалер на годината Ruud Gullit како менаџер во 1996 година каде се променил текот на настаните. Ruud довел многу врвни интернационлаци во тимот и со тој тим бил освоен FA Купот во 1997 година и се промовирале како еден од врвните тимови во Англија. Gullit бил заменет од страна на Gianluca Vialli, кој го донел тимот до победа во Лига Купот и Купот на победниците на куповите во 1998 година, подигнувајќи го трофејот од FA купот во 2000 година и достигнувајќи до четврт-финалето од Лигата на Шампионите во 2000 година. Vialli бил заменет од страна на друг италијанец - Claudio Ranieri кој ги однел Chelsea во финалето од FA Купот во 2002 година и квалификациите за Лигата на Шамионите во сезоната 2002-03.
Во Јуни 2003 година, Bates му го продал Chelsea на рускиот билионер Roman Abramovich за 140 милиони фунти, со што тоа била една од најголемите продажби на еден Англиски тим во тоа време. Над 100 милиони фунти биле потрошени за нови играчи но Ranieri не успеал да освои ниту еден трофеј со што бил заменет од Португалецот Jose Mourinho. Под раководство на Mourinho Chelsea биле петиот тим во Англија кој освоил два пати по ред Премиер Лига по Втората Светска Војна (2004-2005 и 2005-2006  година) плус освојувајќи го FA Купот во 2007 година и два Лига купа во 2005 и 2007 година. Во септември 2007 година Mourinho бил заменет од страна на Avram Grant кој ги однел Chelsea во првото финале на Лигата на Шампионите каде изгубија на пенали од Manchester United. Grant бил заменет за неколку дена од страна на Luiz Felipe во Јули 2008 година.

Нема коментара:

Постави коментар