недеља, 3. јун 2012.

Кејхил го пропушта ЕП


Дефанзивецот на Челзи повредата ја заработи вчера на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Белгија, кога беше турнат од Мертенс директно во голманот Џо Харт.

Врз Гери Кејхил денеска беа извршени детални тестови кои ги потврдија најголемите стравови на селекторот Рој Хоџсон.

26 годишниот Англичанец има двојна фрактура на вилицата, па нема да настапи на Европското Првенство.

На негово место за Полска и Украина ќе патува младиот Мартин Кели од Ливерпул.

“Гери Кејхил се повлече од составот на Англија за ЕВРО 2012 откако заработи повреда на натпреварот против Белгија.” – гласеше соопштението на ФА.

“Дефанзивецот на Челзи има две фактури на вилицата. Мартин Кели од Ливерпул е повикан во составот на негово место.”

На дуелот со Белгија на повреда се пожали и Џон Тери, но се е во ред со капитенот на ’Сините’.

Нема коментара:

Постави коментар