среда, 30. мај 2012.

Лампард се повреди...


Лоши вести од тренинг кампот на Гордиот Албион, настапот на Лампард на ЕВРО 2012 е неизвесен, Џордан Хендерсон би можел да биде неговата замена.

Фудбалската Асоцијација на Англија потврди дека Френк Лампард денес го повредил бутниот мускул на утринскиот тренинг на репрезентацијата.

"Френк Лампард на денешниот тренинг заработи повреда на бутниот мускул" - стои во соопштението на ФА.

"Тој ќе биде згрижен од медицинскиот тим и утре ќе има детален скен на неговата повреда".

"Џордан Хендерсон е ставен на листата на чекање во случај Лампард да отпадне, ќе продолжиме да ја следиме неговата ситуација".

Нема коментара:

Постави коментар