четвртак, 31. мај 2012.

Челси се заинтересира за Муса Дембеле


Европскиот фудбалски првак Челси ја продолжува летната селекција со ангажирање на напаѓачот на Фулам, Муса Дембеле во зделка вредна 10 милиони фунти, информира денеска „САН“.

Според британскиот таблоид, репрезентативецот на Белгија, кој беше трансформиран од играч од средниот ред во напаѓач на Кревен Котиџ, можно е да му се приклучи на својот колега од белгискиот национален тим Еден Хазард кој неодамна објави дека потпишува со „сините“ од северен Лондон.

Интересно е тоа дека Манчестер Јунајтед ги следеше, како настапите на Хазард, така и оние на Дембеле и веројатно е да се очекува понуда и од негова страна.

Фулам во текот на овој преоден рок е на пат да се раздели со голем дел од напаѓачите. Дембеле има договор на само уште една година и најверојатно нема да сака да ја обнови соработката.

Иста е и ситуацијата со Демпси, за кого се заинтересирани тимовите на Арсенал, Ливерпул и Рома, како и со Џонсон, чиј договор веќе истече.

Нема коментара:

Постави коментар