среда, 30. мај 2012.

Гвардиола и Абрамович закажаа состанок 


Веќе поранешниот стратег на Барселона, Пеп Гвардиола, можеби ќе се предомисли и ќе се реши да го превзеде кормилото на актуелниот европски шампион Челзи.

Претставници на Челзи веќе разговарале со Пеп и му соопштиле дека освен високата плата, тој ќе добие рок од две години за комплетирање на составот.

Во текот на тие две години никој нема да бара титули од него, но и покрај сите тие позитивни услови, Пеп не бил доволно убеден.

Наводно, Гвардиола побарал личен состанок со Роман Абрамович со цел да слушне што има да му каже рускиот милијардер и кои се неговите очекувања во следниот период.

Извор близок до Абрамович го изјавил следново:

,, Ако Гвардиола би прифатил да го превзеде Челзи доколку се сретне со Абрамович, тогаш тоа и ќе се случи. ‘‘

Нема коментара:

Постави коментар