субота, 26. мај 2012.

Торес: Сигорно останувам во Челси !


Фудбалерот на лондонските „Сини“ Фернандо Торес по разговорите со управата на клубот е убеден дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, во редовите на тимот кој пред една недела ја освои Лигата на шампионите.

„Разговаравме и нема сомнежи што се очекува од Фернандо Торес. Едвај чекам новата сезона да почне“, нестрплив е Шпанецот.

Тој во тимот на Абрамович стигна за 50 милиони фунти, на почетокот на 2011-та година, меѓутоа по трасфетот не ги исполни очекувањата.

„Кога потпишав за Челзи дојдов тука со големи очекувања. Поддршката на навивачите и на управата беше безусловна, но не и мојата улога во екипата. Мислам дека заслужив поголема минутажа“, вели Торес, кој неодамна простестираше дека токму во шампионското финале не ја добил соодветната улога.

Напаѓачот додава дека имал моменти кога се чувствувал несигурно и ја загубил мотивацијата додека чекал шанса од клупата.

„Ова беше тешка сезона. Малку играв и ментално се чувствував лошо. Имав многу непријатни моменти и не сакам повторно да минувам низ тоа“, изјави голгетерот кој постигна вкупно 12 погодоци за Челзи.

Сепак, Торес се надева дека иднината во Лондон за него е посветла и се радува на тоа што ќе остане во клубот.

„Во Челзи сум среќен и никогаш не сум рекол нешто поинаку. Минатото е зад мене и имам желба овде да ги остварам моите соништа“, заврши Торес.

Нема коментара:

Постави коментар