уторак, 7. фебруар 2012.

АВБ:Челзи не успеа да потпише со Нејмар 



Менаџерот на Челзи, Андре Виљаш-Боаш призна дека неговиот клуб не успеа во напорите да потпише со ѕвездата на Сантош, Нејмар.

20-годишниот фудбалер ја посвети својата иднина на Сантош се до летото 2014 година, и после тоа ќе биде слободен играч, но Виљаш-Боаш изјави дека играчот веќе ја одбрал неговата идна дестинација.

“Мислам дека случајот со Нејмар е затворен и заклучен во сеф” изјави Португалскиот тренер за новинарите.

“Тој одлучи за неговата иднина и никој не знае каде ќе оди. Но за жал, тој нема да дојде кај нас.”

“Она што можам да го кажам е дека има доста талент во Бразил и позитивно е што овие млади играчи остануваат да играат во својата земја.”

Минатиот месец, претседателот на Барселона изјави дека клубот би можел да се обиде да потпише со Бразилецот во 2014 година.
Бразилскиот интернационалец одби трансфер во Челзи бидејќи сметаше дека рано е да ја напушти својата родна земја.

Нема коментара:

Постави коментар