недеља, 5. фебруар 2012.

Челзи со реми против Јунајтед



Челзи и Манчестер Јунајтед како и секогаш, така и денеска одиграа возбудлив натпревар во рамки на 24-тото коло во Премиерлигата. Многу голови, пресвт и контраверзни судиски одлуки го карактерзираа големото англиско дерби. По денешните 3-3 продолжува десетгодишниот пост на Јунајтед без победа на „Стемфорд Бриџ“. Како и на ланското дерби на овој стадион кога Мартин Еткинсон беше во центарот на вниманието, оваа година Хауард Веб го превзема тој примат.

По едно невозбудливо прво полувреме, Челзи на пауза замина со предност од 1-0 благодарение на автоголот на Еванс, кој си ја затресе сопствената мрежа по одличниот продор на Стариџ. Во вторите 45 минути фуриозен старт на „сините“. Хуан Мата со прекрасен волеј му донесе водство од 2-0 на домашниот тим, а само неколку минути подоцна Давид Луиз најави убедлив триумф. Сепак, на сцена потоа стапи главниот судија Хауард Веб, кој досуди два пенали за „црвените ѓаволи“, кои Руни ги претвори во погодоци. Ако првиот пенал над Евра беше судиско убедување, вторит над Велбек беше многу сомнителен. Добиената шанса Јунајтед добро ја искористи, а творец на кам-бекот беше Ернандез во 84-тата минута. До крајот на натпреварот „сините“ можеа да дојдат до победата, но Де Геа беше на висината на задачата. Најпрво Мата биеше прекрасно од слободен удар, а и Кејхил го испроба својот шут од далечни, а шпанскиот голман на голот на Јунајтед покажа зошто вреди 19 милиони фунти.

Нема коментара:

Постави коментар