четвртак, 24. мај 2012.

Челси му нуди нов договор на Лампард ?

Новиот европски шампион Челси е пред реорганизација на тимот, неколку играчи најавија заминување од клубот Калу, Малуда, Босингва, Есиен, а заминувањето на Дрогба е веќе и официјално потврдено. Па затоа Челси се обидува да задржи некои од своите играчи по секоја цена.

По се изгледа Лампард ќе ја заврши својата кариера во Челси, неговиот актуелен договор истекува наредното лето, но англиските медиуми објавија дека сопствениците на лондонскиот клуб му понудиле нов договор.

Лампард моментално заработува по 150 000 фунти неделно, а доколку ја прифати новата понуда би заработувал 175 000 фунти неделно.

2 коментара:

  1. Drogba si ojde :(
    barem Lamps neka ostane ♥

    ОдговориИзбриши
  2. Lapii penzioniraj se vo CHELSEA !
    ti si nasiot heroj <3

    ОдговориИзбриши