четвртак, 24. мај 2012.

Хулк се поблиску до Челси


Агентот на Хулк вели дека тие се подготвени да одржат преговори со Челзи за преселба на напаѓачот на Стемфорд Бриџ.


25 годишниот напаѓач прикажува одлични партии во дресот на Порто, и го привлече вниманието на голем број клубови.

Челзи е еден од клубовите кои пројавуваат интерес за услугите на Хулк, и агентот на напаѓачот признава дека Бразилецот е отворен за преселба на Стемфорд Бриџ.

“Отворени сме за преговори со Челзи во било кое време, на било кое место.” – рече Теодоро Фонсека.

“Постои интерес, но во моментов нема ништо конкретно.”

“Тој ја обожава Премиерлигата, а Челзи е добар клуб за Хулк.”

Од таборот на Порто претходно нагласуваа дека напаѓачот ќе замине само доколку некој ја плати откупната клаузула во неговиот договор вредна 100 милиони евра.

Но се верува дека новиот шампион на Португалија сега е подготвен да прифати и понуда вредна околу 45 милиони евра.

1 коментар: