субота, 19. мај 2012.

Челси за прв пат ја освои Лигата на Шампионите !


Челзи се радува на првиот трофеј во Лигата на Шампионите, 19. мај 2012 година, дата која со златни букви ќе биде испишана во историјата на Сините.

Баерн Минхен успеа да дојде до финале на домашен терен, но не го комплетираше сонот со петти трофеј во елитното натпреварување.

Лондон за прв пат слави титула во Лигата на Шампионите, Челзи е на европскиот трон.

Баерн Минхен беше подобар противник во најголемиот дел од натпреварот, Баварците не искористија повеќе идеални прилики за гол и на крајот беа казнети.

Како што и се очекуваше, Баерн Минхен тргна офанзивно уште од самиот старт, Челзи тешко успеваше да воспостави рамнотежа.

Се редеа нападите кон голот на Чех, Гомез и Робен пропуштија одлични прилики во првото полувреме, при ударот на Холанѓанецот и стативата беше сојузник на Челзи.

Единствената шанса во првиот дел Челзи ја имаше преку Калу, по одлична акција и додавање од Лампард, фудбалерот од БСК биеше, Нојер одбрани.

Истата слика се префрли и во вториот дел, Баерн Минхен напаѓаше, Челзи се бранеше и повремено напаѓаше од контра напади.

Во 83. минута конечно иницијативата на Баерн Минхен вроди со плод, по нафрлување на Рибери, Милер со глава постигнува гол за голема радост на Баварците и предност од 1-0.

По промената на резултатот, Ди Матео и Хејнкес реагираа веднаш, Челзи додаде на офанзива внесувајќи го Торес, кај Баерн Минхен на местото од Милер влезе Ван Бујтен.

На две минти пред крајот, од првиот корнер, по нафрлување на Мата, Дрогба постигнува одличен гол со глава и го израмнува резултатот на 1-1, шок на Алијанц Арената, натпреварот влезе во продолженија.

По само три минути игра во продолженијата, Дрогба го фаулира Рибери во шеснаесетникот, судијата покажува на белата точка за Баерн Минхен.

Робен не успеа да го совлада Петр Чех, голманот на Челзи одбрани, нова фрустрација за холандскиот напаѓач.

Немаше погодоци во продолженијата, па пенал рулетот мораше да го реши шампионот на Европа.

Пеналите започнаа одлично за Баерн Минхен, Лам погоди, Нојер го одбрани ударот на Хуан Мата.

Во втората серија Марио Гомез и Давид Луиз беа сигурни изведувачи, како и Нојер и Лампард во третата.

Ивица Олиќ го промаши во четвртата серија, Ешли Кол постигна гол и го израмни резултатот во пенал серијата.

По Олиќ, не реализираше и Швајнштајгер, Чех го одбрани и неговиот удар, Дрогба постигна гол за историја, гол за првиот трофеј на Челзи во Лигата на Шампионите.

Роберто Ди Матео  му го исполни сонот на Роман Абрамович, за кого трофејот во Лигата на Шампионите беше приоритет од самото превземање на клубот.

Повеќе од чесно ќе биде италијанскиот стратег да добие договор и да остане на клупата на Челзи.

2 коментара: