недеља, 20. мај 2012.

Челси доби честитки од Барса и Реал 



Откако Дрогба со последниот пенал му го донесе првиот триумф на Челси, не прекинуваат честитките за победата на адресата на лондонскиот клуб.

Меѓу првите тимови кои се огласија беа оние на Реал Мадрид и Барселона, кои беа двата тима спречени во полуфиналето од овогодинешното издание на Лигата на шампионите.

Барса се огласи преку официјалниот профил на Твитер: „Честитки до Челси на нивното прво освојување на Лигата на шампионите.“

Дефанзивецот на Барса, Жерард Пике, па и претседателот на Барселона, Сандро Росел, исто така упатија честитки до „сините“: „Му честитаме на Челси! Новиот победник во Лигата на шампионите.“ - напиша Пике. „Честитам Челси, шампиону на Европа.“ - порача Росел.

Нема коментара:

Постави коментар