понедељак, 9. април 2012.

Челзи не го искористи киксот на Тотенхем, Сините паднаа на шестта позиција


Челзи не успеа да го искорити големиот кикс на Тотенхем, Сините одигра само 1-1 во дербито на Западен Лондон против Фулам.
 
Тимот на Роберто Ди Матео водеше во голем дел од натпреварот, но на крајот Демпси им пресуди.
 
Во натпревар без големи шанси за гол, Челзи поведе пред крајот на првото полувреме.
 
Марфи направи прекршок врз Калу во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка.
 
Френка Лампард погоди од пенал за водство на Челзи од 1-0.
 
Во финишот од натпреварот Фулам изврши притисок кон голот на Чех кој резултираше со погодок во 82. минута.
 
Најдобриот фудбалер на Фулам, Клинт Демпси погоди со глава за конечни 1-1.
 
Во битката за топ четири, Арсенал е на третото место со 61 бод но и натпревар помалку од конкурентите, Тотенхем и Њукасл следуваат со 59 бода, Челзи има 57.


Нема коментара:

Постави коментар