четвртак, 5. април 2012.

Тери има напукнати ребра,но сака да игра со болка

По еден час игра на вчерашниот натпревар помеѓу Челзи и Бенфика во Лигата на Шампионите, Џон Тери го напушти теренот и денеска ќе замине на тестови.

Се верува дека дефанзивецот има фрактура на две ребра, повреда која ја заработил на гостувањето во Лисабон минатата недела.

Англичанецот, кој ги одигра сите 90 минути на дуелот со Астон Вила во саботата, вели дека на вчерашната средба имал проблеми со дишењето, но и покрај тоа, тој е подготвен да игра со болка и да му помогне на својот тим во завршниот дел од сезоната.

’Сините’ се во борба за топ четири пласман во Премиерлигата, ќе играат против Барселона во полу-финалето од Лигата на Шампионите, а имаа и пресметка со Тотенхем во полу-финалето од ФА Купот.

“Не можев да дишам.” – рече Тери по вчерашната победа над Бенфика. “Ми беше прилично тешко, особено во првото полувреме. Се надевам дека се ќе биде во ред.”

“Не знам колку ќе треба да паузирам. Ќе имам тестови во четврток, и тогаш ќе имаме појасна слика.”

“На средбата во Лисабон минатата недела, по само 20 минути игра, добив лакт во ребрата, и лекарите стравуваа дека имам фрактура на две ребра. Ќе треба да ги почекаме резултатите од тестовите.”

“Кога имате повреда на ребрата не можете да сторите ништо, не можете да ги лекувате, потребно е да ги оставите сами да се излечат, но секако дека можам да играм со болка.”

“Мислев дека се е во ред, но подоцна во второто полувреме, ситуацијата се влошуваше, и да бидам искрен, не можев да дишам.”

“Беше тешко, никогаш не сум искусил нешто такво претходно.”

По елиминацијата на Бенфика, Челзи сега ќе има пресметка со Барселона.

“Ова е шесто полу-финале во последните девет години, тоа е добар успех, но сакаме да одиме до самиот крај.” – продолжи капитенот на Челзи.

“Јасно е дека не очекува тешка пресметка со Барселона, но играме добро

Нема коментара:

Постави коментар