четвртак, 1. март 2012.

Луиз:Лампард требаше да го послуша Андре


Подолго време се пишува дека Андре Вилаш Боаш ја нема довербата од сите фудбалери на Стемфорд Бриџ, и се говори дека младиот стратег е во недоразбирање со Френк Лампард, кој често е на клупата за резерви.

Во интервју за O Jogo, Давид Луиз застана во одбрана на Вилаш Боаш и дефанзивецот сугерира дека Лампард не треба да очекува различен третман во споредба со другите фудбалери.

“Никој не треба да биде нечив татко или син во еден фудбалски клуб.”  - рече Луиз. “Нема привилегирани луѓе во клубот.”

“Тој (Лампард) едноставно треба да ги слуша наредбите на тренерот и да ги извршува.”

“Ниту еден фудбалер не треба да заборави дека тој е само вработен во клубот.”

Бразилецот исто така верува дека медиумите прават голема фама од ситуацијата во која се наоѓа Челзи.

“Голем дел од контроверзиите ги креираат медиумите од Британија.” – продолжи Луиз.

“Минатата сезона, имаше тимови кои беа во полоша ситуација на табелата, но никој не зборуваше за нив.”

“Полесно е да се зборува за Андре, бидејќи Челзи е голем тим кој секогаш се бори за првото место. И кога тие се наоѓаат на третата или четвртата позиција, најлесно е да го нападнете тренерот.”

“Но Андре има огромен капацитет, тој е извонредна личност и сигурен сум дека ќе има одлична иднина во Челзи.”

Во меѓувреме, во интервју за каталонскиот весник Sport, Давид Луиз потврди дека е свесен за интересот на Барселона, но додава дека тој е фудбалер на Челзи.

“Ќе лажам доколку кажам дека не знам ништо.” – рече Луиз за Sport. “Свесен сум, бидејќи со месеци има константни гласини за интересот на Барселона.”

“Јас само можам да потврдам дека не сум преговарал со никого, ниту пак сум добил конкретна понуда. Јас сум 100% фудбалер на Челзи.”

“Барса е одличен тим кој игра фантастичен фудбал. Секој фудбалер би сакал да игра за Барселона, но јас сум фудбалер на Челзи и имам обврски кон мојот клуб.”

Нема коментара:

Постави коментар