уторак, 3. април 2012.

Луиз: Не сакам да играм во Лига Европа

На седум кола до крајот на Премиер лигата, Челзи е на петтата позиција со заостанување од пет бода во однос на Арсенал и Тотенхем.
 
Под водство на Ди Матео, Челзи игра во добра форма, па Сините се надеваат дека ќе успеат да влезат во топ четири и да изборам место во Лигата на Шампионите.
 
Челзи покрај борбата за влез во топ 4, води битка и за два трофеи ФА Купот и Лигата на Шампионите.
 
Давид Луиз верува дека тие ќе имаат успешен финиш на сезоната и потсетува дека еден од водечките Јунајтед и Сити ќе остане без ниту еден освоен трофеј сезонава.
 
"Кога дојдов во Челзи, сакав да ја освојам Лигата на Шампионите со овој клуб Не сакам да играм во Лига Европа, сакам да играм во Лигата на Шампионите." - Изјави Луиз.
 
"Знам дека не сме во добра позиција во лигата, но сеуште е возможно да ја освоиме Лигата на Шампионите или ФА Купот".
 
"И не заборавајте дека Манчестер Јунајтед или Манчестер Сити ќе ја завршат сезоната без освоен трофеј".
 
Поранешниот фудбалер на Бенфика, вели дека добро се адаптирал на Премиер лигата.
 
"Чувствувам дека се адаптирав добро и Челзи ми помогна многу."
 
"Ја сакам Премиер лигата, се чувствувам магично тука, натпреварите се неизвесни до последниот момент".

Нема коментара:

Постави коментар