среда, 03. април 2013.

Дрогба: Челси треба да го врати Мурињо


Во последно време силно се шпекулира дека Португалецот летоска ќе го наследи Рафа Бенитез на кормилото на Челзи, се говори дека стратегот веќе постигнал согласност со Роман Абрамович за тригодишен договор.

Дидие Дрогба, кој беше клучен играч во тимот на Жозе Мурињо во неговиот тригодишен престој на Стемфорд Бриџ, верува дека ’Сините’ ќе имаат корист од враќање на ’Специјалниот’ во Лондон.

Напаѓачот исто така мисли дека неуспехот на Мурињо да триумфира во Лигата на Шампионите со Челзи може да го привлече стратегот за одново да седне на менаџерското столче на ’Сините’.

„Мислам дека за Челзи најдобро решение е да го врати Жозе” – рече Дрогба.

„Мислам дека тој го нема преболено Челзи, ниту пак Челзи го има преболено Мурињо”.

„Тој е победник, и сеуште е близок со играчите”.

„Отиде во Интер, сега е во Реал Мадрид но сеуште зборува за Челзи, па тој го сака клубот”.

„Кога Мурињо пристигна, донесе успех. Освоивме две титули од Премиерлигата во низа, игравме одличен фудбал, и единствено нешто што не освоивме е Лигата на Шампионите”.

„Можеби токму ова е една од причините зошто тој можеби сака да се врати. Има недовршена работа”.

Запрашан дали Дрогба би можел да се врати во Челзи доколку Мурињо стане нов менаџер, напаѓачот рече: „Најпрво дозволете ми да ја завршам сезоната со Галатасарај, потоа ќе разговараме”.

„За Челзи дадов се, и секако, клубот возврати на ист начин”.

„Се чувствувам како дома кога одам во Лондон. Кога одам во тренинг центарот на Челзи, можам да се шетам со заврзани очи”.

Нема коментара:

Постави коментар