среда, 13. јун 2012.

ОФИЦИЈАЛНО: Договорот на Ди Матео е продолжен за две сезони !


Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, дефинитивно покажа дека знае да ги цени постигнувањата на менаџерите.

Оние кои не успеаа да му го донесат тронот во Лигата на Шампионите веднаш добиваа отказ, но таков не е случајот и со Роберто ди Матео.

Италијанскиот стратег денес и официјално е назначен за перманентен менаџер на клубот.

Абрамович ја покажа својата дарежливост и наместо предвидените 12 месеци, на Ди Матео му понудил договор во период од две години.

Италијанецот без размислување го прифатил предлогот на газда Роман, па со назначувањето на Ди Матео, дефинитивно стартува една нова ера на Челзи во која влијанието на Жозе Мурињо е сосема оттргнато...

Нема коментара:

Постави коментар