петак, 8. јун 2012.

Манчини сака Стариџ да се врати во Сити


Роберто Манчини јасно стави до знаење дека многу го цени напаѓачот на Челзи, Даниел Стариџ.

Италијанскиот стратег сеуште не може да поверува како Сити пред неколку години му дозволи на Челзи да го ангажира Стариџ.

Меѓутоа, ,,граѓаните‘‘ сеуште имаат можност да си го вратат талентираниот напаѓач...

Сега кога во Челзи пристигнаа Хазард и Марин, а се очекува и трансферот на Хулк, очигледно е дека за Стариџ ќе има се помалку простор.

Тоа ќе се обиде да го искористи раководството на Сити и Роберто Манчини за да го убеди Стариџ за кам-бек на ,,Етихад‘‘...

Нема коментара:

Постави коментар