уторак, 8. мај 2012.

Вечерва шанса ќе добие Лукаку !


Роберто ди Матео вечерва шанса ќе му даде и на младиот Ромелу Лукаку!

Се очекува Лукаку на вечерашниот натпревар против Ливерпул да добие шанса од клупата за резерви и со тоа да му докаже на Ди Матео дека заслужува да биде дел од Челзи.

Инаку, според англиските медиуми се очекува вечерва нападот да го предводи шпанецот Фернандо Торес, додека поддршка да му дава Даниел Стариџ.

Ди Матео се одлучил на комбиниран состав затоа што Челзи речиси и да нема шанси за четвртата позиција во Премиер Лигата, а овој клуб го очекува спектакуларен натпревар на 19 мај во рамките на финалето на Лигата на Шампионите против Баерн Минхен.

Нема коментара:

Постави коментар