петак, 25. мај 2012.

Нов договор доби и Ешли Кол



Неговата форма изминативе неколку сезони постојано варираше, но во моментите кога беше најважно, Ешли Кол ја покажа својата вредност.

Неговата сигурност во финишот од овогодинешната кампања во Лигата на Шампионите го натера раководството на Челси да размислува околу продолжување на неговиот договор.

Според извори блиски до клубот, раководството на ,,сините‘‘ му подготвува нов договор на Кол, кој фудбалерот наскоро ќе го добие.

Се верува дека Кол размислува за пензионирање во Челси.

1 коментар: