недеља, 6. мај 2012.

Ди Матео:Челси има фантастични фудбалери


Со головите на Рамирес и Дрогба, Челзи со 2-1 славеше над Ливерпул и дојде до пехарот во ФА Купот.

Ова е четврти трофеј во последните шест години за Челзи во ФА Купот, Вембли станува стадион кој буди само добри спомени за Сините.

Роберто Ди Матео е пресреќен поради победата, Италијанецот има само пофални зборови за фудбалерите.

"Овие фудбалери се фантастични, формата која ја имаме во последните осум недели е неверојатна, работевме напорно и мислам дека наградата стигна со овој трофеј" - изјави Ди Матео.

"Ние сме среќни, го враќаме трофејот на Стемфорд Бриџ, фудбалерите имаа голема желба и успеаа во целта".

"Натпреварот го започнавме добро, во првиот дел игравме многу добро, по влегувањето на Керол тие притиснаа, ние требаше да се браниме, во завршницата тие беа подобри, но се одбранивме".

"Рамирес е исклучително добар фудбалер, тој постигна неколку важни голови за нас".

Моментот кој се дискутираше најмногу беше шутот на Керол кој Чех го одбрани, дилемата беше дали топката ја мина гол линијата.

"Невозможно е да се види од местото на кое бев јас".

"Само го погледнав линискиот судија и тој во ниту еден момент не покажа дека е гол. Тоа беше добра одлука и одлична одбрана на Чех кој брани неверојатно во последно време".

Ди Матео се одлучи да го игра Дидие Дрогба, Фернандо Торес го преседе натпреварот на клупа.

"Тоа беше многу тешка одлука бидејќи и двајцата играат многу добро".

"Дрогба е дел од историјата на овој клуб и видовте што може тој да направи".

Роберто Ди Матео ФА Купот со Челзи го има освоено како фудбалер и сега како менаџер на тимот.

"Мислам дека тоа е посебен момент, да го освоите трофејот како фудбалер а потоа да го предводите тимот како тренер и да победите, почестен сум што клубот ми ја даде оваа шанса".

Нема коментара:

Постави коментар