субота, 5. мај 2012.

Челси по седми пат го освојува ФА Купот


Љубовната приказна помеѓу Вембли и Челзи продолжува, Сините уште еднаш излегоа како победници од славниот англиски стадион, Ливерпул не успеа да дојде и до вториот трофеј сезонава и да ги обедини титулите во англиските купови.

Дидие Дрогба го постигна својот осми погодок на Вембли, а Челзи по четврти пат во последните шест години го освојува ФА Купот.

Челзи беше подобар во поголемиот дел од натпреварот, но последната третина му припадна на Ливерпул.

Резултатот беше отворен по 11 минути игра, по додавање од Мата, брзиот Рамирез изби пред Реина, постигна погодок за водство на Челзи од 1-0.

По седум минути игра во вториот дел, Дрогба одлично се снајде во шеснаесетникот на Ливерпул, ја смести топката во "Црвената" мрежа за водство на Челзи и од 2-0.

Во 55. минута Кени Далглиш го стави Керол во игра кој внесе живост во нападот на Ливерпул.

Токму Керол во 64. минута постигнува гол за 2-1, Ливерпул се врати во игра.

Во 81. минута повторно шанса за Керол, бие со глава од непосредна близина, Чех одлично интервенира, фудбалерите на Ливерпул бараа погодок, но топката не ја мина гол линијата.

До крајот на натпреварот Ливерпул не успеа да постигне израмнувачки погодок и да го одведе натпеварот во продолженија, Челзи се радуваше на трофејот.

Нема коментара:

Постави коментар