понедељак, 28. мај 2012.

Чех го продолжи договорот со Челси до 2016



Репрезентативецот на Чешка пристигна на Стемфорд Бриџ во 2004, и зад своето име забележа 369 натпревари.

Петр Чех, кој важи за еден од најдобрите голмани во Премиерлигата и Европа, денеска стави потпис на нов четири годишен договор.

“Фудбалскиот Клуб Челзи е задоволен што може да соопшти дека голманот Петр Чех потпиша нов четири годишен договор.” – гласеше соопштението на ’Сините’.

За официјалната веб страна на Челзи тој рече: “Навистина сум среќен што ќе бидам дел од овој одличен клуб уште четири години.”

“Се надевам дека следните четири години ќе бидат исто успешни како и претходните осум години кои ги поминав во клубот.”

Нема коментара:

Постави коментар