уторак, 15. мај 2012.

Хајнкес:Многу тешко ќе биде да го победеме Челси


Баерн Минхен е првиот тим кој ќе игра финале од Лигата на Шампионите на домашен терен, Баварците влегуваат како фаворит во дуелот со Челзи кој се игра во сабота на 19. мај.

Притисокот за победа е огромен, тоа добро го знае Јуп Хејнкес па се обидува колку што може да ја анулира фаворитската улога.

"Го гледав првиот полуфинален натпревар помеѓу Челзи и Барселона и не бев изненаден што Сините се пласираа во финале" - изјави Хејнкес за The Guardian.

"Ја знаев историјата на овие два клуба, Барселона секогаш има тешкотии кога ќе се сретне со Челзи. Во финалниот дел од реваншот Барселона немаше свежина и Меси не беше на своето ниво".

"Но тоа не ги намалува перформансите на Чалзи. Ја следам и бев тренер во шпанската лига. Знам колку е тешко да се победи Барселона. И сега се чудам ако Барса не може да го победи Челзи, како ние би можеле?"

"Тие се силни, импресиониран сум од начинот на кој Роберто Ди Матео го води тимот. Изгледа многу релаксирано и го има тимот под контрола. Тоа покажува дека неговиот тим дише како едно, се борат за една цел. Филозофијата се промени под негово водство".

Во медиумите името на Јуп Хејнкес е помеѓу кандидатите за нов менаџер на Челзи, Германецот ја отфрла таквата можност.

"На мои години? Не мислам дека тоа ќе се случи".

"Имам 67. Но се чудите дали ова е најтешката работа во фудбалот? Дали сте слушнале за Реал Мадрид? Бев таму една година. Фабио Капело една година. Гус Хидинк една година. Џон Тошак една година".

"Такви се работите понекогаш, и вие треба да си имате свои принципи на работа. Како тренер никогаш не сум прифатил некој од врвот да има влијание на одлуките за тимот".

"Кога такви работи се случуваат, едноставно треба да престанете. Јас не можам да го прифатам тоа. Никогаш не очекувам дека треба да му ја објаснувам мојата тактика на претседателот на клубот. Никогаш не сум го правел тоа".

"Како тренер треба да уживате во работата, да бидете задоволни од она што го правите. Треба да имате атмосфера во која ќе ви биде задоволство да работите".

Нема коментара:

Постави коментар