среда, 8. фебруар 2012.

Фабио Капело не е повеќе селектор на Англија !



По состанокот помеѓу претседателот на ФА, Дејвид Бернстеин, генералниот секретар Алекс Хорн и Фабио Капело, Италијанецот одлучи да замине од селекторската функција.

ФА претходно одлучи да му ја одземе капитенската лента на Џон Тери, Капело јавно го изрази своето незадоволство од таквата одлука.

Неможејќи да се помири со мешањето на федерацијата во неговите одлуки, Капело одлучи да поднесе оставка.

"Би сакал да истакнам дека за време на денешниот состанок и во целиот период како англиски селектор, Фабио се однесуваше исклучително професионално" - вели претседателот на ФА, Дејдив Бернстеин за официјалната страна на федерацијата.

"Ние ја прифативме неговата оставка согласувајќи се дека ова е вистинска одлука".

"Сакаме да му се заблагодариме на Фабио за неговата работа со репрезентацијата на Англија и му посакуваме успех во иднина".

Како најголем кандидат за наследник на Капело, англиските медиуми го посочуваат менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап.

Нема коментара:

Постави коментар