среда, 29. фебруар 2012.

Андре следната година го заменува Раниери ?



Деновите на Клаудио Раниери на клупата на Интер се одбројани иако Масимо Морати сеуште изјавува дека има доверба во стратегот.

Италијанските медиуми шпекулираат со можни имиња за наследник на Раниери а како најсериозен кандидат се посочува менаџерот на Челзи, Андре Вилаш Боаш.

На Андре Вилаш Боаш не му цветаат рози во Челзи, па силни се шпекулациите и за негово заминување од Стемфорд Бриџ.

Масимо Морати е фан и на Пеп Гвардиола, но се очекува тој да остане на клупата на Барселона и покрај тоа што го одложува продолжувањето на договорот.

Покрај Вилаш Боаш и Гвардиола, како можни наследници се споменуваат и Лорен Блан, Волтер Мацари и Франческо Гвидолин.







Нема коментара:

Постави коментар