уторак, 28. фебруар 2012.

Дрогба го пропушта ВБА,шанса за Торес ?


Дидие Дрогба е неизвесен за следниот натпревар на Челзи против ВБА откако напаѓачот заработи повреда на коленото на дуелот со Болтон.

Дрогба кој беше стрелец на погодок против Болтон, беше заменет на 14 минути до крајот откако доби удар во коленото.

Напаѓачот сега ќе го пропушти натпреварот на Брегот на Слоновата Коска против Гвинеја и постои можност да не настапи и на дуелот против ВБА.

Отсуството на Дрогба ќе значи уште една шанса за Фернандо Торес кој поради лошата форма го изгуби местото во шпанската репрезентација.

И покрај тоа што постојано беше во првиот тим, Фернандо Торес не успеа да постигне ниту еден гол додека Дидие Дрогба беше на Африканскиот Куп на Нации.

Нема коментара:

Постави коментар