четвртак, 2. фебруар 2012.

60 милиони фунти му нуделе на Абрамович за Фалкао !?


Дали е на повидок нов луд трансфер каде главната улога ќе ја има сопственикот на Челзи, Роман Абрамович?

Според најновите информации Абрамович е спремен да понуди неверојатни 60 милиони фунти за ангажман на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао.

Стратегот на Челзи, Андре Виљаш Боаш, не ја крие својата желба повторно да ја обнови соработката со Фалкао, но тоа дефинитивно многу ќе го чини рускиот тајкун.

Фалкао пристигна во Атлетико Мадрид во текот на летниот преоден рок, а додека беше член на Порто на 51 натпревар постигна 41 погодок.

Останува да видиме дали оваа информација ќе се покаже како точна или повторно станува збор за голема шпекулација на светските медиуми.

Нема коментара:

Постави коментар