четвртак, 2. фебруар 2012.

Челзи понудил 40€ милиони за Игуаин,Реал одбил !


Radio MARCA во својата емисија ’Planeta America’ објави дека Челзи во зимскиот преоден рок, кој заврши во вторникот, доставил понуда до Реал Мадрид за услугите на Гонзало Игуаин.

Андре Вилаш Боаш побарал ангажман на напаѓачот, а Роман Абрамович бил подготвен да одвои 40 милиони евра за да ја задоволи желбата на стратегот.

Иако понудата била мошне примамлива, лидерите на Реал Мадрид ја одбиле по барање на Жозе Мурињо.

 
Се говори дека Челзи и по крајот на сезоната ќе се обиде да стигне до услугите на 24 годишниот аргентинскиот репрезентативец, па на адреса на ’Кралевите’ ќе пристигне нова богата понуда.

 
И покрај тоа што игра во добра форма, Гонзало Игуаин нема загарантирано стартно место во тимот на Реал Мадрид бидејќи добри перформанси прикажува и Карим Бензема.

Нема коментара:

Постави коментар